Македонија мешањето во судството ќе предизвика силна реакција од Холандија

Холандскиот амбасадор до Ахмети: Членството на Македонија во ЕУ е загрозено поради падот на владеењето на правото

Холандскиот амбасадор на средба со лидерот на ДУИ Али Амети ја пренел порака дека посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена по постојаниот пад во владеењето на правото во земјава.

Холандскиот амбасадор до Ахмети: Членството на Македонија во ЕУ е загрозено поради падот на владеењето на правото

-Амбасадорот Дирк Јан Коп се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети за да ја пренесе пораката дека по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар, објави денеска Холандската амбасада во земјава на нејзиниот официјален Фејсбук профил.

Во статусот за средбата, која според фотографијата се одржала во седиштето на ДУИ, се посочува и ставот на Амбасадата за политичкото влијание врз претседателката на Врховниот суд Беса Адеми.

-Исто така, неприфатливо е несоодветно политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа и ќе предизвика силна реакција од Холандија, стои во објавата на Фејсбук профилот на Амбасадата на Холандија, која е потпишана од ДУИ.

Најнови вести од Македонија

To top