Македонија

Хакан Фидан во официјална посета на Македонија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, кој доаѓа во официјална посета на Република Северна Македонија.

Хакан Фидан во официјална посета на Македонија

Како што информира МНР, фокус на разговорите Муцунски – Фидан ќе бидат билатералните политички односи, зајакнувањето на економската соработка, искористувањето на инвестициските можности и унапредувањето на соработката во други области од заемен интерес.

Според агендата, двајцата министри најпрво ќе имаат тет-а-тет средба, па билатерална средба на која ќе присуствуваат и делегации од двете министерства, а потоа ќе одржат и заедничка прес-конференција.

Фидан ќе го посети и Собранието на РСМ каде ќе има средба со спикерот Африм Гаши.

To top