Македонија ХУМАНОСТ

Градоначалникот Стефковски додели 50.000 денари за лекување на Ана Радевска

Ова не е прва хуманитарна активност во која градоначалникот на општина Гази Баба се приклучува со своја поддршка.

Градоначалникот Стефковски додели 50.000 денари за лекување на Ана Радевска

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски се приклучи на јавниот повик за собирање на финансиски средства за лекување на 16-годишната Ана Радевска која боледува од ретка болест.

Ана е средношколка во СУГС „Орце Николов“.

-Веднаш штом го видов повикот на социјалните мрежи, побарав контакт од семејството со цел да ги известам за мојата одлука да доделиме финансиска помош во висина од 50.000 денари за лекувањето на малата Ана. По разговорот со мајката потребната документација е доставена во општината и се работи на подготовка на Решението за исплаќање на средствата, истакна градоначалникот Стефковски.

Апелираше до граѓаните, согласно своите можности, да се приклучат на хуманитарната акција и сите заедно да помогнеме за лекувањето на малата Ана.

Ова не е прва хуманитарна активност во која градоначалникот на општина Гази Баба се приклучува со своја поддршка.

Најнови вести од Македонија

To top