Македонија Свети Стефан

Градоначалникот Ѓорѓиевски на литургија по повод именденот на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

Нека денешниот ден донесе многу здравје, бериќет и среќа на сите. За многу години, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на литургија по повод именденот на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

На покана на Поглаварот на МПЦ, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, денес градоначалникот Орце Ѓорѓиевски присуствуваше на одбележувањето на неговиот именден.

Во црквата „Света Петка” тој се причести, се заблагодари на укажаната чест да присуствува на свечената литургија и на сите кои го носат името  на големиот светец Свети Стефан им го честиташе именденот.

-На покана на Поглаварот на МПЦ, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, денес присуствував на одбележувањето на неговиот именден. Денешниот ден, трет ден Божиќ е исто така значаен бидејќи се празнува голем светец, Св. Стефан, кој важи за заштитник на болните, сиромашните и старите и посебно ми е драго што нашиот народ во огромен број се собира во храмовите. Тоа е уште еден показател дека сме обединети и само така ќе опстоиме, заедно. Така беше и денес во црквата ,,Света Петка”, каде што ја примив Светата Причест и каде мирот, спокојот и љубовта беа присутни во текот на целата литургија. Сакам од срце да се заблагодарам на поканата и истовремено да го честитам именденот на сите кои го носат името на светецот. Нека денешниот ден донесе многу здравје, бериќет и среќа на сите. За многу години, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

To top