Македонија пресудата темелела на теории и политички ставови

ГП Бетон не претрпел штета од изградбата на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, компанијата не се смета за оштетена

До нашиот портал пристигнаа документи, за кои свиркачот тврди дека се дел од образложенијата кои адвокатскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ ги доставил до Апелација, а со кои потполно се негира ставот на Кривичен, според кој случајот Талир требаше да заврши со заплена на седиштето на партијата.

ГП Бетон не претрпел штета од изградбата на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, компанијата не се смета за оштетена

Јасно се гледа дека пресудата на Кривичен во целост се темели на теории и политички ставови, а не на нормативното право.

Во дел од образложението се вели: „Повторно судот погрешно се впушти и во оцена на несразмерноста на договорот и договорените обврски, преку договорените проценти, од објектот, што изведувачот ГП Бетон би го добил како краен резултат од изградените објекти, за што судот заклучува дека договорениот процент е несразмерен, но при тоа заклучокот не го заснова на законски норми, ниту на регулираниот пазар на изградби на недвижности во Македонија.“

За да продолжи дека: „Судот во кривичната постапка се впушта во ценење на економските и стопански движења на пазарот на недвижности и градењето во државата, иако за овие околности предвидена е судски заштита, но во граѓанска постапка, во која една од договорените страни пред судот може да иницира постапка за ништовност на ваквиот договор, доколку ценат дека истиот е договорен на нивна штета што видно од исказите на застапниците на ГП Бетон ваквиот став не може да се потврди тука, спротивно истите биле задоволни од склучениот договор, бидејќи се базирал на економски параметри, кои носеле профит.“

Треба да се нотира како што вели нашиот извор дека ГП Бетон во ниту еден момент од постапката, ниту на истрага, ниту во судскиот процес не се сметал себе за оштетена страна или дека претрпел некаква загуба заради договорот со ВМРО-ДПМНЕ.

Договорот е правен според сите стандарди и партијата добила седиште со клуч на рака, како надомест за вложеното земјиште на кое веќе постоел стар објект – штаб.

Правниците кои ги консултиравме потврдија за нашата редакција, дека договорот е валиден и фер, како за политичката партија, така и за градежната компанија.

Најнови вести од Македонија

To top