Македонија Град Скопје

Ѓорѓиевски: Започнува реализацијата на три стратешки пилот-активности од клучно значење

Скопје има потенцијал да биде модерен, европски и одржлив град. Денес го правиме првиот чекор во таа насока – потенцира градоначалникот Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски: Започнува реализацијата на три стратешки пилот-активности од клучно значење

Град Скопје и УНДП денеска потпишаа Меморандум за соработка, кој е потпишан од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и постојаниот претставник во Македонија, Армен Григоријан.

Како што информира градоначалникот Ѓорѓиевски, со потпишувањето на Договорот и Планот за имплементација, започнува реализацијата на три стратешки пилот-активности од клучно значење за иднината на нашиот град.

🫡 Конкретни резултати за Скопје

✔️ Денес го направивме првиот формален чекор кон операционализација на Меморандумот за…

Posted by Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski on Tuesday, March 17, 2026

-Првиот проект опфаќа репроценка на недвижниот имот во Општина Центар, пилот кој ќе овозможи воспоставување на модерен, дигитален и целосно функционален систем за данок на имот. Ова значи поголема транспарентност, поефикасна наплата и посилна фискална стабилност на локално ниво. Вториот проект е поддршка за организација на првата меѓународна конференција, со која Скопје го прави првиот крупен чекор кон реализација на визијата – Скопје како Европска престолнина на културата во 2028 година, соопшти градоначалникот.

Третиот опфаќа изработка на првиот сеопфатен План за чист воздух заснован на докази, документ што ќе донесе јасни мерки, дефинирани одговорности, проценка на трошоци и конкретен патоказ за системско намалување на загадувањето, еден од најголемите предизвици со кои се соочува Скопје.

-Градот Скопје особено ја цени експертската и техничката поддршка од УНДП. Нивната улога е клучна, од развој на дигитални системи, преку организација на меѓународни процеси, до подготовка на аналитички и стратешки документи.
Ова партнерство ни овозможува да ги примениме најдобрите светски практики и да ги вградиме во работата на нашите институции. Ова е почеток на нова развојна фаза за Скопје. Фаза во која градот станува поорганизиран, поодржлив, покултурно препознатлив и поеколошки одговорен – напиша Ѓорѓиевски.

Упати благодарност до УНДП за довербата и партнерството, како и до сите институции и експерти кои ќе бидат дел од овие процеси.

-Скопје има потенцијал да биде модерен, европски и одржлив град. Денес го правиме првиот чекор во таа насока – потенцира градоначалникот Ѓорѓиевски.

Најнови вести од Македонија

To top