Македонија обновени спортски терени

Ѓорѓиевски: Скопје доби нов уреден спортски комплекс на кејот на реката Вардар (ФОТО)

Во рамките на проектот опфатени се и спортските терени во Маџир Маало, кои целосно ќе се унапредат и повторно ќе бидат ставени во служба на заедницата. На овој потег ќе се уреди и современа градска плажа кое ќе биде безбедно, чисто и достапно катче за одмор, спорт и дружење, кое ќе внесе нова енергија покрај реката и ќе го доближи Скопје до современите европски урбани стандарди, истакна Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски: Скопје доби нов уреден спортски комплекс на кејот на реката Вардар (ФОТО)

Скопје доби нов уреден спортски комплекс на кејот на реката Вардар, истакна скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, кој денес, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, го пушти во употреба обновените спортски терени на кејот на Вардар, простор кој повторно станува место за живот, рекреација и спорт.

-Кејот на Вардар е еден од моите клучни приоритети. Уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник започнавме со темелно чистење и уредување, со што конечно реката повторно тече низ своето природно и нормално корито.  Денес, овој простор добива нов лик и јасна визија, функционален, модерен и жив јавен простор отворен за сите граѓани. Реконструирани се спортските терени за фудбал, одбојка на песок и баскет, се поставува нова урбана опрема, а се создаваат и современи фитнес-зони на отворено кои ќе бидат место за рекреација и здрав живот. Во рамките на проектот опфатени се и спортските терени во Маџир Маало, кои целосно ќе се унапредат и повторно ќе бидат ставени во служба на заедницата. На овој потег ќе се уреди и современа градска плажа кое ќе биде безбедно, чисто и достапно катче за одмор, спорт и дружење, кое ќе внесе нова енергија покрај реката и ќе го доближи Скопје до современите европски урбани стандарди, истакна Ѓорѓиевски.

Градоначалникот на Град Скопје потенцира дека инвестирањето во спортот значи инвестирање во здрави навики, во здрави млади генерации и во силно општество.

-Искрена благодарност до министерот Борко Ристовски за поддршката и партнерскиот пристап. Токму преку ваква соработка се реализираат проекти кои носат вистинска вредност за граѓаните. Ова е само почеток. Нашата визија е рамномерен развој, еднакви можности и активен, здрав живот за секој скопјанец, без разлика каде живее. Најдоброто, доаѓа, рече Ѓорѓиевски.

To top