Македонија град скопје

Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, се расчистуваат паднатите дрвја по засилениот ветер

Тој апелира до сите на зголемена внимателност додека траат активностите на терен.

Ѓорѓиевски: Екипите се на терен, се расчистуваат паднатите дрвја по засилениот ветер

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вели дека екипите се на терен и се реагира навремено и координирано во однос на паднатите дрвја по вчерашниот силен ветер.

– Поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Нашите служби веднаш излегоа на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење за граѓаните. Се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се нормализира сообраќајот таму каде што имаше застој, информира Ѓорѓиевски.

Градоначалникот додава дека приоритет е безбедноста на граѓаните и непреченото функционирање на градот.

Тој апелира до сите на зголемена внимателност додека траат активностите на терен.

To top