Кандидатот за градоначалник на Делчево од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, Иван Гоцевски, на вечерашниот митинг во Делчево ја претстави својата визија и програма за развој на општината, истакнувајќи дека „времето на Делчево е тука“ и дека граѓаните заслужуваат чесно, одговорно и посветено раководење.
На собирот присуствуваа коалиционите партнери, пратеникот Драган Ковачки и премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски, а голем број граѓани ја изразија својата поддршка за кандидатот.
-Една заедница, еден народ – обединети со многу енергија, со светла визија и решителност. Делчево мора да успее! Делчево победува на 19 октомври!“, порача Гоцевски во своето обраќање.
„Делчевчани заслужуваат иднина, иднина создадена врз основа на реален план, знаење и силен капацитет на нашиот народ, делчевчани заслужуваат секој дом да добие доволно количини и квалитетна вода за пиење. Ќе го реконструираме главниот доводен цевковод за град Делчево, и ќе ги поврземе селата Вирче, Град, Стамер, Ѕвегор, Полето, Габрово, Очипала. Главен столб на нашата предизборна програма е локалниот економски развој и подобар животен стандард за сите граѓани, со серија на мерки, политики и активности ќе поставивме темели за локална заедница, за одржлив раст и развој, безбедноста, заштитата и пред се здрава и хумана животна средина се наш приоритет околу кој ќе ги обединиме сите чинители за подобрување на состојбите“, истакна Гоцевски.
Гоцевски наброи дел од приоритетните проекти на изборната програма.
„Ќе го оживееме Голак гордоста на Делчево, ќе ги поддржиме младите со стипендии, стажирање, кариерни центри и манифестации, ќе ја дигитализираме општината, е-седници на Совет, е-општина, подостапни и надградени електронски услуги, нов објект за дневен престој на нашите најмлади, отворање на нов дом за стари лица, многу нови урбани содржини за подобар јавен живот за сите возрасти, значително ќе го зголеми обемот на урбана, зелена површина, ќе воспоставиме нова програма за нов зелен катастар, велосипедски патеки и субвенции за енергетски фасади и инвертери, ќе поставиме мерни станици за квалитет на воздух и вода, фиксни точки за рана детекција на пожари, од локалната патна инфраструктура изградба на нов булевар „Индустриска“ во централното подрачје, изградба на нови кружни текови и нов мост на реката Брегалница, изградба на улици со тротоари, изградба на улици во населбата Ѕвегорска река, решени сме да изградиме модерни сообраќајници до секое домаќинство, конечно започнува со реализација на проектот за експресниот пат Делчево-Виница-Кочани“, истакна Гоцевски.
Најавени се и нови зелени површини, велосипедски патеки и програма за енергетска ефикасност, со цел создавање на здравa и уредена животна средина.
-Јас не ветувам чуда. Јас ветувам работа – чесна, посветена и секојдневна, меѓу граѓаните, со граѓаните, истакна Гоцевски.
Кандидатот ги повика делчевчани на обединување и активна поддршка на изборите на 19 октомври.