Македонија

Ѓорѓиевски: За првпат после половина век, жителите од улица ,,25” во Припор добиваат целосна фекална канализација и нов асфалт

Ѓорѓиевски: За првпат после половина век, жителите од улица ,,25” во Припор добиваат целосна фекална канализација и нов асфалт

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, денес беше во посета на активностите за изградба на улица, за првпат по половина век, каде што претходно жителите добија и целосна фекална канализација. Се работи за сериозен проект, како што информираше тој, бидејќи ова барање на жителите со години се провлекувало но досега не било реализирано.

-Работата е она што ме исполнува и мотивира да направиме уште повеќе, да има задоволни граѓани и да ги решаваме децениските проблеми.
Еден таков, сега целосно решен а се провлекува веќе 50 години низ лавиринтите на лажните ветувања е улицата ,,25” во Припор.
Оваа улица за првпат била изградена од самопридонес на жителите и годините поминати си го направиле своето, односно видливите оштетувања беа сериозен проблем во извршување на секојдневните потреби.

По разговор со мојот народ кој живее таму и нивните барања кои за мене се приоритет, се пуштивме во акција за да го решиме проблемот трајно.
Изградивме фекална канализација во должина од 530 метри, а денес по завршувањето, почнавме со асфалтирање на улицата која опфаќа 1600 метри квадратни површина.
Не постои нерешлив проблем кога се пристапува со сериозност, немањето волја е она што е проблем.

Затоа, продолжуваме во секое населено место, кај секој домаќин да ги слушнеме барањата кои ги имаат и да пристапиме кон нивно решавање.
Мојот народ заслужува! – истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Најнови вести од Македонија

To top