Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски се обрати при извршениот увид во градежните работи поврзани со проектот градски воз.
-Сакам јавно да се заблагодарам на претседателот на Владата, на Владата, на министерот за транспорт секако и на директорот на железници и транспорт и целиот негов тим, затоа што она што во минатото се говореше кое за многумина изгледаше како сон ама еве денеска станува јаве, рече градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека ќе почнеме да нудиме алтернатива на нашите сограѓани во градот Скопје земајќи го во предвид дека во изниматиот период се соочувавме со катастрофално лоша состојба поврзана со нефункционалноста на јавниот транспорт и на Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје.
-Како Град Скопје ќе бидеме целосно логистички вклучени во овој процес, земајќи во предвид дека на новите точки или станици како што спомена директорот ќе се адаптираме со ЈСП Скопје, за да нема со часови или по половина час од страна на граѓаните за да дојде воз, туку према потребите, односно во моментот кога ќе има воз тогаш ќе бидат адаптирани автобусите од јавното сообраќајно претпријатие да бидат достапни. На тој начин ќе помудиме реална и брза алтернатива за транспорт на нашите сограѓани, особено ги земам во предвид индустриските зони, рече Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека ова е еден од најзначајните проекти кои што Градот Скопје ќе ги добие благодарение на Владата, министерството и секако институциите кои што се задолжени за тоа.