Македонија Град Скопје

Ѓорѓиевски: Влогот во образованието е влог во иднината

Сето ова е насочено кон унапредување на севкупната опременост, квалитетот и комфорот во училиштата, како силен стимул за развој на потенцијалот кај младите. Ова е само дел од нашата визија за модерно образование. Продолжуваме понатаму, со дела, а не со зборови, порача Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски: Влогот во образованието е влог во иднината

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес беше во посета на средните училишта во Скопје, каде што изврши увид во новата опрема и подобрените услови за настава и работа.

Градот Скопје интензивно работи на унапредување на условите во средното образование, со конкретни и видливи резултати за краток временски период.

Посветеноста кон создавање современи, безбедни и достоинствени услови за учење и работа во училиштата претставува еден од клучните приоритети на локалната самоуправа, со јасна цел квалитетно образование и подобра иднина за младите.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

-Влогот во образованието е влог во иднината. Горд сум кога резултатите од нашиот труд за кратко време се веќе видливи, што ни дава уште поголем мотив да продолжиме посилно и поодлучно. Денес сме во посета на средните училишта во Скопје, каде што сите ги опремивме со нови клупи и столчиња, достоинствени услови за учење и работа. Обезбедивме и прочистувачи на воздух, преносни компјутери, десктоп компјутери, нови и модерни интерактивни табли, како и смарт панели кои овозможуваат современа, динамична и квалитетна настава, во чекор со времето и потребите на младите. Со целосна одговорност можам да кажам дека ова е најголемата набавка за средното образование досега, што јасно говори за нашата силна посветеност кон поквалитетно образование, рече градоначалникот.

Модернизацијата и осовременувањето на наставните средства продолжува и понатаму, системски и плански.

-На денешната посета, по долги години имав чест повторно да ја видам мојата класна раководителка во средното медицинско училиште каде што се образував. Средбата ми врати многу спомени од минатото и уште еднаш ме потсети колку е важна улогата на наставниците во градењето на нашите животни патишта. Паралелно, во фокусот е и реконструкцијата на спортските терени, проект кој веќе е во тек, затоа што сакаме да ја поттикнеме физичката активност и да градиме здрави животни навики кај младите од најрана возраст. Дополнително, сите средни училишта во Град Скопје ќе добијат и фотоволтаици, што е сериозна и одговорна мерка која ќе значи намалување на трошоците за електрична енергија, но и директен придонес во заштитата на животната средина. Сето ова е насочено кон унапредување на севкупната опременост, квалитетот и комфорот во училиштата, како силен стимул за развој на потенцијалот кај младите. Ова е само дел од нашата визија за модерно образование. Продолжуваме понатаму, со дела, а не со зборови, порача Ѓорѓиевски.

Најнови вести од Македонија

To top