Македонија „Тема на денот“

Ѓорчев: Ние сакаме да се приклучиме во ЕУ, но ЕУ треба да каже дека е подготвена за проширување – доста беше отстапки, добрососедството треба да е обострано

Во однос на бугарските барања, тој изјави дека Ковачевски, Пендаровски и Османи им ги исполнија сите барања 150 години наназад, сето тоа е пуштено, направена е голема стратешка штета.

Ѓорчев: Ние сакаме да се приклучиме во ЕУ, но ЕУ треба да каже дека е подготвена за проширување – доста беше отстапки, добрососедството треба да е обострано

ВМРО-ДПМНЕ има конзистентни ставови, додека власта гледаме како две години вели дека следниот месец ќе има гласање за уставните измени и не можат да дојдат до бројките. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е конзистентен и поддржа од граѓаните од убедливото мнозинство на граѓани. А власта е таа која презела обврски кои не може да ги исполни и ставена во тесно, изјави Владимир Ѓорчев член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за „Тема на денот“ во дневникот на Сител.

-Нашата улога е да ги браниме позициите на Македонија, да градиме пријателства да комуницираме, но да се грижиме за самите себе, ако сам не се почитуваш никој нема да те почитува, појасни Ѓорчев.

Ѓорчев посочи дека ЕУ уште не е подготвена за проширување и гледаме како од 2013 до сега нема никакво проширување на ЕУ, а земјите како Србија, Црна Гора, Турција не се до никаде со преговорите, додека Грција сега и става вето на Албанија.

-Ние сакаме да се приклучиме до ЕУ, но ЕУ треба да каже дека е подготвена за проширување, Не треба Македонија да си ја продаде куќата. Политиката на неразбраните трговци СДС и ДУИ е она што не доведе во ситуација да Македонија постојано дава концесии на сметка на македонскиот народ а ништо да не добива. Ќе водиме сметка за Македонија, ќе работиме она што е важно за македонскиот народ, истакна Ѓорчев.

Во однос на бугарските барања, тој изјави дека Ковачевски, Пендаровски и Османи им ги исполнија сите барања 150 години наназад, сето тоа е пуштено, направена е голема стратешка штета.

-Од една страна ги имаме првенците на оваа влада кои туркаат агенда која не е во интерес на Македонија со нови и дополнителни барања, а тој филм сме го гледале изминативе 30 години да направиме отстапки а да не добиеме ништо. Доста беше отстапки, ние сме за добрососедски односи но тоа да биде двострано, врз база на реципроцитет, нагласи Ѓорчев.

Најнови вести од Македонија

To top