Македонија Приоритетен проект

„Ѓорче, твој дом“ – Стојкоски најави значаен проект за младите лица

Ние ќе бидеме во можност за прв пат да ги ослободиме младите брачни парови до 30-35 години, од плаќање на комуналии до 100 метри клвадратни, истакна тој.

„Ѓорче, твој дом“ – Стојкоски најави значаен проект за младите лица

Првиот, приоритетен проект кој го планирам во Ѓорче Петров е „Ѓорче, твој дом“. Тоа е нова населба за млади, вели градоначалникот на општина Ѓорче Петров и кандидат за истата функција, Александар Стојкоски.

-Оваа населба предвидува локации за изградба на индивидуални куќи за станбено живеење. Некаде околу 170 локации ќе опфати површината, локација кај црквата Св. Архангел Михаил во Ново Село. Индивидуалните куќи се приземје, два спрата и поткровје по правилник за урбанизам. Овој ДУП е во постапка, далеку е од реализација, сега го работиме. Ние ќе бидеме во можност за прв пат да ги ослободиме младите брачни парови до 30-35 години, од плаќање на комуналии до 100 метри клвадратни, истакна тој.

To top