Македонија мвр

Германска донација за македонските специјалци

Заедничката соработка и партнерство продолжуваат и во иднина. Денес во полицискиот центар во Ѓорче Петров остварив работна средба со германскиот амбасадор, Н.Е. Петра Дрекслер и претставник од германската интервентна полиција на која беше предадена вредна донација за потребите на интервентната полиција, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Вкупната донација која се состои од 120 сетови „анти траума“ за одржување на јавен ред и мир во прва фаза и поддршка за специјализирани возила за ЈРМ, дополнителна опрема и обуки во втора фаза значително ќе го зајакнат капацитетот на оперативното функционирање на оваа единица и ќе придонесе кон зголемување на безбедноста на жителите на главниот град. На средбата го разгледавме и планот за обуки за следната година кои оваа единица ги изведува со поддршка на германската амбасада со цел зголемување на својот оперативен капацитет. Уште еднаш изразувам голема благодарност и силна подготвеност до нашите големи германски пријатели и подготвеност за понатамошна соработка, поддршка и продлабочување на заедничките односи со цел надградување на капацитетите на министерството за внатрешни работи, истакна Тошковски.

To top