Македонија Собрание

Гаши со Новогодишна порака до граѓаните

Со почит и волја да ги споиме разликите, како и со одговорност кон нашиот заеднички дом, можеме да изградиме поправедна и посветла иднина за сите нас, се наведува во честитката.

Гаши со Новогодишна порака до граѓаните

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши упати честитка до сограѓаните.

„Во пресрет на Новата година, ви се обраќам со длабока почит и со високо чувство на одговорност. Годината што завршува беше година на посветена работа и чекори што оставија трага.

Собранието забележа видливи напредоци во транспарентноста, дигитализацијата и зајакнувањето на надзорната функција. Отворивме повеќе врати
за граѓаните, идеите и дијалогот.

Институцијата ја направивме поинклузивна, подостапна и подоверлива. Преку парламентарната дипломатија изградивме мостови
на соработка и пријателство, претставувајќи ја нашата земја со достоинство и визија.

Но пред сè, оваа година нè потсети на една суштинска вистина: дека одржливиот напредок не произлегува само од процеси и реформи, туку од единството, зрелоста за градење консензус и меѓусебната доверба.

Само кога стоиме заедно, со почит и волја да ги споиме разликите, како и со одговорност кон нашиот заеднички дом, можеме да изградиме поправедна и посветла иднина за сите нас“, се наведува во честитката.

Најнови вести од Македонија

To top