Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Африм Гаши, во Доха, оствари средба со Спикерот на Советот на Шурата на Државата Катар, г. Хасан Бин Абдула Ал-Ганим. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката и можностите за интензивирање на комуникација меѓу двата парламенти.
Претседателот Гаши нагласи дека особено ја цени значајната улога на парламентарната дипломатија, како суштински елемент во градењето мостови меѓу земјите и народите, особено во време на глобални предизвици. Тој упати покана спикерот на Советот на Шурата следната година да оствари официјална посета на нашата земја во рамките на одбележувањето на 30 години допломатски односи меѓу двете држави.
Двајцата соговорници се согласија дека Групите за пријателство и соработка што постојат во двата парламенти можат да бидат додадена вредност во размената на искуства и знаења за законодавството од областа на економскиот развој, енергетиката, дигитализацијата како и климатските промени.