Македонија европски фронт

ФРОНТОТ ПРЕД РАСПАД: Села го повика Груби да се повлече од политиката и да се соочи со обвиненијата!

Зијадин Села се огласи на Фејсбук профилот на својата партија по повод најновата црна листа на Америка, “поздравувајќи ја одлуката на САД.”

“Алијансата за Албанците во континуитет е еден од политичките актери кои јавно ги осудуваа врските на судството со политиката и олигархијата, затоа и денеска ја поздравуваме неодамнешната одлука на САД, најважниот стратешки партнер на РСМ и албанскиот народ.

Борбата против корупцијата означува важен чекор во градењето на владеењето на правото и нашата иднина. Ги повикуваме апострофираните да се повлечат од институционалниот и политичкиот живот, да се соочат со обвиненијата како слободни граѓани.

Индивидуалната одговорност е камен-темелник на една модерна, непристрасна и демократска држава,” напиша Села.

Најнови вести од Македонија

To top