Соработката меѓу ДУИ и Левица станува сè поочигледна, Катка Левица и Ардит Исмаили,ПИ-АР на Бајрам Реџепи од ДУИ кандидат за градоначалник на општина Тетово денеска се уловени заедно во кафуле, токму пред вториот изборен круг за овие локални избори.
На фотографијата се гледаат Катка Левица и Ардит Исмаили, пиарџија на ДУИ, кои ја потврдуваат блиската координација меѓу двете партии пред вториот круг од локалните избори.
Според извори од партиските штабови, соработката има за цел зајакнување на позицијата на кандидатите на терен и мобилизација на поддржувачите за вториот круг од овие локални избори помеѓу двете партии во опозиција.
Очигледно е дека во овој изборен циклус, ДУИ и Левица настапуваат взаедно, бидејќи како што е запозната јавноста, политичката партија Левица извади свои кандидати за градоначалници за Струга, Гостивар и Тетово а другите општини ги изостави.
Од денешната средба на Катка од Левица И Исмаили може да се заклучи дека истата само се продлабочува, а од кои интереси само тие си знааат, замајќи во предвид дека цело време пред очите на македонската јавност само се препокуваат.
Овој пат нештата на народот им се многу појасни, па така истите и ќе одлучат, затоа што мачкањето очи веќе не поминува…