Македонија на терен

ФОТО: Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

ФОТО: Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата.

-Во координација со ЦУК и другите вклучени субјекти, армиските припадници беа ангажирани во гаснење на пожарите во Општина Македонски брод во селата Локвица, Крапа и Црешнево, на планина Готен во Општина Радовиш и општина Василево,Општина Берово и Општина Старо Нагоричане во реон на селата Бељаковце, Стрезовце, Облавце, Јачинце, информираат од АРМ.

To top