Македонија ЦУК

ФОТО: Ослободено мече кое било заглавено на дрво во Маврови Анови

Секторот за операции и координација од ЦУК веднаш ги известил Националниот парк „Маврово“ и МВР.

ФОТО: Ослободено мече кое било заглавено на дрво во Маврови Анови

Ослободено е мече, кое било заглавено во гранки на дрво во двор на викендица во Маврови Анови. Случајот бил пријавен утрово во 7:35 часот на Единствениот број за итни случаи 112, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Секторот за операции и координација од ЦУК веднаш ги известил Националниот парк „Маврово“ и МВР.

– Ренџерски тим од НП „Маврово“ веднаш се упатил кон заглавеното мече, а истовремено со нив пристигнала и патрола на МВР од ПО Маврово заради обезбедување на местото на настанот. Неколку бездомни кучиња агресивно лаеле по исплашеното мече кое најверојатно од страв се качило на дрвото и се сокрило во гранките. Откако ренџерите ги избркале кучињата, мечето само се симнало од дрвото и отрчало кон блиската шума, се наведува во соопштението од ЦУК.

Најнови вести од Македонија

To top