Македонија во 2025 спречен шверц на вкупно 4 тони храна

ФОТО: Немал ништо за пријавување, но цариниците му најдоа скриени ќеси со пастрмка – Државјанин на Албанија фатен на Ќафасан

Царинската управа ќе продолжи да делува во насока на заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните при што укажува дека секој обид за прекршување на законот ќе биде најстрого санкциониран.

ФОТО: Немал ништо за пријавување, но цариниците му најдоа скриени ќеси со пастрмка  – Државјанин на Албанија фатен на Ќафасан

Од почетокот на годинава Царинската управа во повеќе случаи спречи обиди за шверц на над 4 тони храна меѓу која најмногу маслиново масло – 560 литри и 3,7 тони овошје и зеленчук.

-Последен случај е откриен деновиве на граничен премин Ќафасан, кога државјанин на Албанија се обидел нелегално да внесе 21 килограм свежа пастрмка скриена во просторот за резервна гума. На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, тој одговорил дека нема, но при детална контрола се пронајдени шест ќеси со риба, информираат од Царина.

Царинска управа

Поведена е соодветна постапка против лицето кое се обидело да нелегално да внесе небезбедна храна – транспортирана во несоодветни услови и без потребни сертификати и дозволи од надлежни институции.

Царинската управа ќе продолжи да делува во насока на заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните при што укажува дека секој обид за прекршување на законот ќе биде најстрого санкциониран.

To top