Македонија ја нема онаа лоша слика на која навикнавме

ФОТО: Ѓорѓиевски и Мицкоски во вечерна обиколка на Скопје

„Му треба не само на Скопје, туку и на Македонија. Постапката за реализација започнува многу скоро. Најдоброто доаѓа“, порача Ѓорѓиевски.

ФОТО: Ѓорѓиевски и Мицкоски во вечерна обиколка на Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски оствари вечерна обиколка низ главниот град, оценувајќи дека Скопје конечно добива изглед кој му доликува на модерна метропола. Ѓорѓиевски преку објава на социјалните мрежи истакна дека улиците, плоштадите и јавните простори се чисти и исполнети со посетители, за разлика од, како што рече, „лошата слика на која граѓаните беа навикнати“.

Facebook / Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski

„Улиците и плоштадите се чисти, полни со посетители – ја нема онаа лоша слика на која навикнавме. И никогаш повеќе нема да се повтори“, напиша градоначалникот.

Facebook / Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski

Во рамки на обиколката, Ѓорѓиевски и Мицкоски го посетија и просторот предвиден за новиот Луна Парк, проект за кој, според градоначалникот, ќе започне постапка за реализација по многугодишно чекање.

„Му треба не само на Скопје, туку и на Македонија. Постапката за реализација започнува многу скоро. Најдоброто доаѓа“, порача Ѓорѓиевски.

✌️ Вечерна обиколка на Скопје со Премиерот Hristijan Mickoski, кое сега конечно личи на метропола, како што…

Posted by Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski on Недела, 16 ноември 2025

Најнови вести од Македонија

To top