Македонија вмро дпмне

Филипче нема да стане лидер со лидерска, туку ако му каже доста на својот стопан Заев

Филипче нема да стане лидер со лидерска, туку ако му каже доста на својот стопан Заев

Тезата на СДС дека ако нема лидерска нема да се збори за безбедноста и мирот, е погрешна. Филипче лидер нема да стане со лидерска средба и на тој начин да стекне авторитет, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Филипче лидер ќе стане доколку на неговиот стопан Заев му каже доста, наместо да подголтнува и се потресува како сега.

Меѓудругото е интересно што и овој пат, СДС и ДУИ имаат иста теза, додаваат од партијата.

To top