Македонија по вториот круг од локалните избори

Филипче најави кадровски промени во раководството на СДСМ

Филипче најави кадровски промени во раководството на СДСМ

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска најави кадровски промени во раководството на партијата по завршувањето на локалните избори. Тоа, како што рече, се должи на резултатот на изборите во првиот круг особено во некои скопски општини.

-За мене во изминатата година и пол после таков тежок пораз лани, после интензивна работа, сега овие избори се показател за тоа како да се поставиме и како да функционираме во следниот период, затоа што очигледно е дека потребно посебно во тие општини каде што не го постигнавме посакуваниот резултат да продолжиме со интензивна работа. Во тој контекст најавувам политички-кадровски промени во раководството после изборите за што ќе бидете известени, рече Филипче одговарајќи на новинарски прашања.

 

To top