Како доктор, постојано се ангажирам за подобрување на професионалните услови за здравствените работници. Во изминатиот мандат значлително ги покачивме платите на сите категории зрасвтвени рботници, но тоа не е доволно. Во следниот мандат потребно уште поголемо зголемување.
Ова го истакна носителот на листата на СДСМ во Изборната единица 4, д-р Венко Филипче кој заедно со Соња Мираковска од НСДП, исто така дел од листата, остварија средба со доктори во Неготино.
„За да ги задржиме лекарите и здравствените работници тука, мора да добијат конкурентни услови за работа и плати како во европските земји. Треба да им понудиме соодветна поддршка и усовршување, повисоки плати и почитувана позиција во општеството. Не смееме да губиме здравствени работници“, порача Филипче.
Филипче потсети дека во изминатите седум години многу е направено за подобрување на условите во здравството, а исто така истакна дека СДСМ постигна историски најголемо зголемување на платите на лекарите.
„СДСМ е првата политичка партија во Владата која повеќекратно ги зголеми платите во здравствената дејност, конкретно на здравствените работници, медицинските соработници и на техничкиот персонал. Планираме уште едно драстично зголемување на платите. Докторите специјалисти да имаат плата од 140.000 до 180.000 денари, општите доктори плата од 120.000 денари, а медицинските сестри плата од 60.000 до 90.000 денари“, рече Филипче.
Пристапот до квалитетна здравствена заштита го диктира основниот квалитет на живот. Затоа ќе ставиме голем фокус на ова прашање и ќе продолжиме да се залагаме за уште подобро здравствено осигурување.
„Тоа значи инвестирање не само во постоечкиот здравствен персонал, туку и создавање на нов квалитетен и високообразован кадар. Во таа насока, планираме зголемување на квотата за студенти на јавните високообразовни установи за медицина, стоматологија и фармација, како и укинување на партиципацијата за студирање. Преку овие мерки, целта е да ги стимулираме младите да се посветат на своето образование и кариера, и да ја изградат својата иднина во дома, обезбедувајќи им конкурентни услови што се слични на оние во европските земји“, истакна Филипче.