Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Филипче и Заев да кажат кој е патот до златна виза во Дубаи

Додека велеа  дека ја спасувале Македонија, тие ги спасувале милионите. СДС е синоним за криминал, неспособност и предавства.

Филипче и Заев да кажат кој е патот до златна виза во Дубаи

Нема ниту еден демант ниту пак реакција од СДС да кажат кој е патот до поседување на златна виза во Дубаи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Да објаснат на кој начин и со кои инвестиции има златна виза во Дубаи семејството Заеви? Како со административна плата, па бил и премиер, Заев стигнал до златна виза во Дубаи? Колку милиони чини и на кој начин се стекнати? Дали е точно дека со оваа афера е поврзан и лидерот на опозиција и привремен чувар на местото претседател на СДС, Венко Филипче, се наведува во партиското соопштение.

Од партијата прашуваат дали Венко Филипче поседува виза за Дубаи?

-На кој начин ја стекна, имајќи во предвид дека цел живот е на административна плата без ден работен стаж  во приватен бизнис? Додека велеа  дека ја спасувале Македонија, тие ги спасувале милионите. СДС е синоним за криминал, неспособност и предавства, посочуваат од владејачката партија.

To top