Македонија

Филипче и СДСМ безидејни- критикуваат, а не даваат решенија

Филипче и СДСМ безидејни- критикуваат, а не даваат решенија

По повод 100 дена Влада, Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, имаше прес конференција насловена “100 дена Влада – 100 дена изговори”. Во својот говор, Филипче ги истакнуваше недостатоците и неостварените проекти на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа не приложи ниту едно решение за истите.

„Досега, не исполнија ништо од овие ветувања, а неисполнувањето на големите ветувања носи и големи разочарувања“, рече Филипче на прес конференцијата по повод 100 дена од Владата.

Премиерот Христијан Мицкоски пак се осврна на состојбата во која беше оставена државата, кажа што се е напревно за 100 дена во такви, а вети и нови проекти.

„Следуваат многу повеќе проекти, мерки и реформи за кои ќе работиме со целата наша енергија, со целото наше срце. Следуваат нови инвестиции, ценовни намалувања, одлуки за инвестиции, но и мерки за младите, и можам да кажам дека даноците ќе се намалат“, изјави Мицкоски на вчерашната прес-конференција.

Освен напад врз Владата и нејзиното работење, од пресот можевме да забележиме дека Филипче стави акцент на интеграцијата на државата во ЕУ, иако и тој беше дел од претходната Влада која што велеше дека сме пред “портите” на Европа.

Поранешниот министер за здравство, не говореше за својата област за која овие 3 месеци имаме нови лекови на позитивната листа, туку говореше за неспособноста на министрите на Владата, дека тие не знаеле да водат држава. Иако, пред само неколку месеци, СДСМ ја предводеше државата, заедно со нивниот коалиционен партнер ДУИ, за кои се изнаслушавме секакви скандали, пропратени со криминал и корупција, Филипче не истакна ниту еден предлог како “лидер” на опозицијата како би се решил овој проблем.

Освен гол популизам и давање неоснована критика, Филипче не потенцираше вистински неуспеси на новата Влада, истакна дека партизацијата навлегла во институциите, но изгледа тој самиот има заборавено дека до прес извесен период, државните институции беа преполни со партиски кадри на коалицијата СДСМ-ДУИ.

Останува јавноста да види дали во иднина, освен критики, партијата на Филипче ќе биде конструктивна опозиција и ќе дава препораки и решенија за проблемите, кои на некој начин нивната Влада ги создаде изминатиот период.

Најнови вести од Македонија

To top