Македонија несреќните квалификации на уште понесреќните „уредници“ на филипче

Филипче бега од прес-конференции, а СДС ЦЕНЗУРИРА со удбашки жигосувања на медиуми

Ве молиме, сами споредете ги текстовите на КУРИР.МК, РЕПУБЛИКА и ВЕЧЕР, демек копи-пејст (само во главите на СДС-стратезите), прилози на кои идентична им е само веста дека Венко го замислил и Хусеин Болт со брзината со која го напушти пресот. Ако бегство од прес пред новинари на лидер на партија за нив не е вест, додека цела Македонија чека да објасни како може да биде толку инфантилен и да (веројатно по идеја на Фрчко) тера ваква индолентна пропаганда, тогаш многу ја утнале работата. Како и лидерот им ступидната тема за мигрантите.

Очебијно, СДС се уште живеат во некои дамнешни, темни времиња и исто како и нивниот лидер мигранти, сонуваат некакви заговори против нив и шират лажни вести и дезинформации преполни со невкусни и бајати квалификации. За греота…

Филипче бега од прес-конференции, а СДС ЦЕНЗУРИРА со удбашки жигосувања на медиуми

Еден час по објавата на КУРИР.МК и десетици други медиуми за експресното бегство на првиот човек од новинарски прашања на прес-конференцијата на Бихаќка, неговите пулени од прес-центарот на партијата со удбашки спин и со  големи ЦЕНЗОРСКИ афинитети и со голема/неостварена желба да бидат УРЕДНИЦИ се нафрлија врз дел од македонските медиуми, очигледно незадоволни што поголемиот дел од нив објавија дека Венко излетал како „куршум“ од партијската говорница.

Замислете, по стариот ОЗНА и УДБА терк, СДС одредува што е вест, а што не, поткрепено со јавно бламирање на медиумите давајќи им притоа квалификации за некаква припадност. Гласноговорниците на партијата чиј лидер денеска не даде одговор на новинарски прашања и избега со брзина на светлината од подиумот, сега со старти и бајати финти напаѓаат медиуми и јавно ги бележат. Забораваат дека ова не е времето на комунизмост и дека службите не можат да не „средат“ и да не пратат на Голи оток, за нивна голема жал.

Само споредете ги текстовите на КУРИР.МК. РЕПУБЛИКА.МК и ВЕЧЕР.МК кои СДС јавно ги истакна за пример на КОПИ-ПЕЈСТ и најдете каков било сличен вокабулар или повторување. Да, на сите како и на 10-ци други веста е дека Венко избегал од прес-конференција, чиста вистина која можете да ја видите на неговиот прес. Еве што промуќурно срочија во СДС, веројатно навлечени на бели или црвени линии (секоја инсинуација со вистински ликови од врхушката е не/случајна):

„И веднаш, по системот на ВМРО-ДПМНЕ само копи-пејст ја објавуваат и други:

https://vecer.mk/makedonija/0ae56692-09c8-444d-80e0-5aba5822d724-1

https://kurir.mk/vesti/makedonija/bezhanka-na-bihakjka-filipche-izbega-od-novinarski-prashanja-video/

https://republika.mk/vesti/makedonija/hrabriot-filipche-izbega-od-sopstvenata-pres-konferenczija/

Исто како во времето на Никола Груевски.

Не можеа да додржат ниту 10 минути!“

Прво, текстот наКУРИР е објавен ЕДЕН ЧАС по бегството на Филипче, испровоциран од неговата бежанија од новинарите. Второ, ве молиме, одвојте неколку минути и сами споредете ги текстовите, на кои идентична им е само веста дека Венко го замислил и Хусеин Болт со брзината со која го напушти пресот (текст на КУРИР).

Ако бегство од прес пред новинари на „лидер“ на партија за нив не е вест, додека цела Македонија чека да објасни како може да биде толку инфантилен и да (веројатно по идеја на Фрчко) тера ваква индолентна пропаганда, тогаш многу ја утнале работата и имаат беден осет за вест. Можеби, како Заев и тие оделе на по неколку часа неделно во школо, па што им фали, нели? Да не бегале од часови на факултет, пак, ќе знаеле што е вест. Беден обид за цензура на „уредниците“ од Бихаќка. Помизерен и од ступидната им тема за мигрантите.

Очебијно, СДС се уште живеат во некои дамнешни, темни времиња и исто како и нивниот лидер мигранти, сонуваат некакви заговори против нив и шират лажни вести и дезинформации преполни со невкусни и бајати квалификации. За греота…

 

П.С.

ОК. Следниот пат кога лидерот ви ќе избега од новинари, нема да објавиме, ќе премолчиме само и само за да не ве вознемириме како сега, за да не се потресувате волку. Чесен пионерски збор.

Иако, потегот ќе биде контрапродуктивен за џебот на бајачките и дилерите…

Најнови вести од Македонија

To top