Македонија ФОТО

ФИЈАСКО НА ПРОТЕСТОТ НА СДСМ: Филипче нема поддршка од работниците, едвај собра 40 луѓе

ФИЈАСКО НА ПРОТЕСТОТ НА СДСМ: Филипче нема поддршка од работниците, едвај собра 40 луѓе

Пред стартот на новата учебна година, беше најавен протест пред Министерството за образование и наука за повисоки плати во образованието организиран од опозициската СДСМ. Но, протестот доживеја ФИЈАСКО!

Наставниците го бојкотира СДСМ и порачаа дека партијата треба да се реформира и оти не може да смета на нивната поддршка.

Едвај 40 луѓе беа собрани на протестот од околните штабови на СДСМ кои дојдоа да ја поддржат иницијативата на лидерот на партијата Венко Филипче.

СДСМ ги потцени, но наставниците го возвратија ударот, не подлегнаа на притисоците на опозицијата, а Филипче не доби поддршка ниту од своите од организацијата, не па од работниците.

Фотографијата со едвај 40 луѓе го покажува очајот и безидејноста на СДСМ.

Опозицијата се обиде да ги искористи протестите за политичка добивка, наместо да се фокусира на реалните грижи за платите на наставниците, но планот не им успеа па дебаклот стапи на сцена.

СДСМ беше прочитан од синдикатите, па претседателот Јаким Неделков уште вчера обзнани дека членовите на СОНК нема да учествуваат на никакви партиски организирани протести.

Со реакција авчера се јави и ресорната министерка Весна Јаневска.

-Протестите ги организира СДСМ која до вчера беше на власт и имаше министри, заменици-министри и државни секретари, која ја оставија државата во распад, го оставија МОН со буџетска дупка од пет милијарди и која имаше можност да го поправи статусот на наставниците, но тоа не го направи, вели министерката Јаневска.

Нагласува дека како министерка останува на ставот дека ќе се бори за подобрување на статусот на наставниците и дека во првиот момент кога ќе има можност за зголемување на платите, откако ќе се стабилизира Буџетот, тоа ќе биде направено.

Посочува дека со ребалансот на Буџетот обезбедени се 900 милиони денари за плати за наставниците, а се прават напори во ноември или декември наставниците да добијат и регрес за годишен одмор.

– Како Влада и како министер кој доаѓа од редот на наставниците, ќе се бориме да има контиунитет во подобрување на статусот на наставникот и нема да се откажеме од тоа да ги доведеме на вистинското место во општеството, не само во однос на платите. Постојано ќе бидеме во контакт со социјалните партнери – со синдикатите кои ќе работат независно, а не поттикнати од политички партии. Ќе разговараме и ќе бараме начини како да го подобриме статусот на наставникот, вели Јаневска.

Најнови вести од Македонија

To top