Македонија „Со најголема дрскост“

Европски Сојуз за Промена: Власта го избриша сето чувство за хуманост, граѓаните ќе ве казнат

„Покрај овие, оваа власт, веќе дијагностицирана со епидемија на корупција, се обидува да манипулира со илјадници граѓани преку отворање конкурси за вработување или одлуки за работа во пресрет на изборите“.

Европски Сојуз за Промена: Власта го избриша сето чувство за хуманост, граѓаните ќе ве казнат

Власта секојдневно се соочува со чувството на губење моќ што го избриша сето чувство за хуманост. Толку многу излегоа од контрола што се спремни три децении да си играат со чувствата на најугнетените граѓани, велат од Европски Сојуз за Промена.

Нивното соопштение го пренесуваме во продолжение:

Со најголема дрскост премиерот Димитар Ковачевски, министерот за правда Кренар Лога и некои заменици и директори вчера се појавија пред непријавените граѓани за да им се дадат уверенија.

Целата оваа манипулација е само за СДСМ да освои неколку гласови. И не само СДСМ туку и АА и ДУИ. Поголем античовечки чин досега не се памети.

И додека ги манипулираат овие граѓани кои ги угнетуваа три децении, ДУИ и АА ги заборавија сите оние граѓани кои сè уште не можат да добијат државјанство, само затоа што се Албанци и власта ги смета за „опасни“.

Покрај овие, оваа власт, веќе дијагностицирана со епидемија на корупција, се обидува да манипулира со илјадници граѓани преку отворање конкурси за вработување или одлуки за работа во пресрет на изборите.

Ова е „Европскиот фронт“ на Ковачевски, Ахмети и Таравари, чии постапки не се европски, туку се крајно слични на руската и српската политика.

Можете да продолжите да манипулирате, но деновите ви се одбројани и овие граѓани ќе ве казнат и ќе ве испратат каде што заслужувате.

Најнови вести од Македонија

To top