За СДС и ДУИ ништо не било свето. Институциите ги гледале единствено низ призмата сместување во топлите и удобни фотелји на роднини и пријатели, а нивните буџети извор за лично богатење на поединци, велат во денешното партиско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Исклучок од ова не било ниту ЕСМ и претпријатијата дел од него.
Едни од институциите во која видни партиски лица од СДС и ДУИ си ги сместувале своите најблиски е ЕСМ Снабдување со топлина, а друго во кое буџетот се користел за испумпување пари на народот кои, најверојатно, завршувале во приватни џебови е ЕСМ Дистрибуција на топлина.
Раководството во оваа институција поставено од СДС и ДУИ, претпријатието го третирало како партиски плен, па затоа ќерката на Талат Џафери ЕСМ Снабдување со топлина била дел од Надзорниот одбор.
Тоа е истиот оној Џафери, кој СДС и ДУИ со две раце го гласаа, за да стане незаконски претседател на Собрание и потоа неговата ќерка да биде изгласана за дел од Надзорниот одбор на ЕСМ.
И како што погоре споменавме, освен што си ги згрижувале своите најблиски на добро платени позиции, коалициските партнери СДС и ДУИ во ЕСМ Дистрибуција на топлина си местеле тендери по нивна мерка.
Имено, истражните органи спроведоа истрага за време кога претпријатието било раководено од кадар на ДУИ, а именувано од СДС, за сторен криминал во вредност околу 8 милиони евра.
Си наместиле тендер од таа вредност, а 2 милиони евра ги испрале преку разни корупциски шеми, за истите веројатно да завршат во нечии џебови.
Но она што повеќе загрижува од самиот криминал, е фактот што СДС како тогаш, така и сега молчи и не се оградува од овие криминални и корупциски шеми во ЕСМ Дистрибуција на топлина.
Затоа легитимно се поставува прашањето, дали овие 2 милиони евра кои испариле, завршиле кај структури блиски до врвот на СДС или во ДУИ и дали лица од тогашниот врв на овие партии имаат вмешано прсти во случајот?
Македонската јавност заслужува и одговори и одговорност за ваквиот начин на раководење на државните институциите од страна на СДС и ДУИ.
Потребно е Јавното обвинителство да ја води постапката одговорно, транспарентно и независно, за правда да има и одговорните да се казнат, се вели во соопштението на владејачката партија.