Македонија

Експрес.мк: Ќе биде ли унапреден обвинител за кој има сомнеж за криминал и ПИ мерки?

Експрес.мк: Ќе биде ли унапреден обвинител за кој има сомнеж за криминал и ПИ мерки?

Ќе биде ли утре унапреден обвинител за кој има сомнеж за криминал и ПИ мерки затоа што Советот на јавни обвинители трет месец крие во фиока кривична пријава?, пишува порталот Експрес.мк.

Извори во Јавното обвинителство велат дека до советот за јавни обвинители е испратена информација за индиции за криминал и ПИ мерки за двајца обвинители. Овој случај се однесува на предмет за проневера на данок во кој се гонеше Исмет Гури функционер на ДУИ во УЈП кој избега од домашен притвор откако на чудесен начин затворот му беше заменет со домашен притвор. Деновиве двајцата обвинители за кои има сомнеж за криминал очекуваат да бидат унапредени, меѓу другото и затоа што шефицата на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска чија ќерка е партиски активист на СДСМ повеќе од два месеци претставката за криминалот на обвинителите ја чува во фиока. Предходно медиумите објавија дека обвинителот Трајче Пеливанов и обвинетиот Исмет Гури кој сега е во бегство – разменувале пораки и си договарале средби, додека Пеливанов беше дел од СЈО. Како што објави „Алфа“ поради ова му беше покрената и дисциплинска постапка, која беше доставена до Советот на јавни обвинители.

Според сознанијата, додека Гури бил осомничен, подоцна обвинет и осуден во предметот „Титаник 2“ на СЈО, а Пеливанов беше дел од сега згаснатото обвинителство на Катица Јанева си одржувал приватни контакти со него. Неофицијално, пораките се извадени од телефонот на Гури, кога кај него беше извршен претрес откако доби статус на осомничен во предмет за даночно затајување.

Индиректна потврда за комуникацијата Пеливанов-Гури е одговорот од Обвинителството во кој се вели дека имало предмет со комуникации по коj се постапувало.

„Јавниот обвинител постапувајќи по претставка, веднаш оформи предмет во кој побара за наводите да се произнесат и споменатиот јавен обвинител, и јавниот обвинител кој постапувал во конкретниот предмет, како и шефот на соодветното јавно обвинителство. Извршен е и увид во предметот на кој се однесува комуникацијата, по што во декември беше донесена одлука дека нема основ за поведување дисциплинска постапка и дека во случајот не се изнесени доверливи информации ниту е извршено влијание врз текот на овој или кој било друг предмет“ велат од ОЈО.

Став телевизијата побарала и од обвинителот Пеливанов, но бил испратен краток одговор, во кој Пеливанов не негира, туку се повика на официјалниот одговор од институцијата каде што работи.

„За прашањaтa што сте ги доставиле и до мојот претпоставен и до портпаролот, ме известија дека ќе добиете официјален одговор во најкраток рок“ стои во одговорот до телевизијата од Трајче Пеливанов – обвинител во ОЈО ГОКК.

На истиот одговор се повикал и Ислам Абази, без да коментира дали со ваквите сомнежи се влијае дополнително врз ниската доверба на граѓаните во обвинителството.
МВР на почетокот на годината, распиша потерница по Гури кој стана недостапен на органите на прогонот на 5 декември лани. Во јули минатата година, заедно со уште 15 лица, бизнисмени и инспектори од УЈП беа уапсени под сомнение за злосторничко здружување и даночна измама со оштетување на големи фирми за околу 2 милиони евра. Гури заедно со дел од осомничените формирале непостоечки фирми на кои им давале фиктивни потврди од УЈП за враќање на ДДВ. За Исмет Гури, заедно со друг поранешен функционер на ДУИ, Ејуп Алими, имаше судски процес „Титаник 2“ кои се однесуваше за уништување изборен материјал во Чаир.

Извор : https://alfa.mk/obvinitelot-pelivanov-kontaktiral-so-izbeganiot-guri-no-i-pokraj-toa-nema-discziplinska-odgovornost/ (expres.mk)

To top