Македонија

Eкономијата и образованието во фокус на меѓународната конференција ICON BEST 2024

Науката ги има одговорите на глобалните предизвици, нејзино е да ги сподели со политичарите и со Владите, а тие треба да слушаат!

Eкономијата и образованието во фокус на меѓународната конференција ICON BEST 2024

Науката ги има одговорите на глобалните предизвици, нејзино е да ги сподели со политичарите и со Владите, а тие треба да слушаат!

Ова е една од пораките на академската фела на меѓународната конференција ICON BEST 2024 која денеска се одржа на Универзитетот Скопје.

Меѓу говорниците на овој престижен настан се докажани професионалци од регионот и од Европа, меѓу нив и проф.д-р Горан Бандов, г-дин Луј Башур, како и проф.д-р Зоран Ивановски, Проректор за наука и развој на Универзитет Скопје.

-Во повеќе од 9 сесии посветени на економијата, претприемништвото, дигитализацијата, маркетингот и човечките ресурси, истакнати домашни и меѓународни експерти и универзитетски професори ги изложија своите иновативни истражувања и резултати, порача Проректорот Ивановски.

Денеска знаеме и треба да градиме образование за 21-от век, смета академската заедница.

-Светот се соочува со глобални проблеми. На оваа конференција науката ќе го даде својот придонес за нивното надминување за да го поттикне глобалниот развој, рече проф. д-р Горан Бандов од Хрватска

Според глобалните истражувањата се очекува во 2027 повеќе од 30% од работните места да бидат заменети со машини и токму затоа неопходно е партнерството меѓу образовните и бизнис институции.

-Најважно во една држава е градењето на партнерство меѓу образовните институции и бизнис секторот, бидејќи на тој начин се гради едно стабилно општество, со сигурна иднина, истакна проф. д- р Миглена Темелкова, Ректор на Универзитет за телекомуникации и пошти во Софија.

УТМС како високообразовна, научна и општествена одговорна институција на заеднички настан донесе реномирани професори кои ги споделија своите академски искуства.

Најнови вести од Македонија

To top