Ноторен факт е, дека припадниците на етничката заедница Египќани во Македонија се убедливо најмаргинализираната, најнеинтегрираната автохтона и автентична етничка заедница. Тој недемократски феномен, резултира со напуштање на нашата единствена татковина Македонија во „еден правец“, вели Демир Далип од Коалицијата на Египќаните.
-Многу млади, работоспособни, едуцирани и образовани Египќани и Египќанки на дневно ниво заминуваат во Западна Европа за подобра иднина, наместо да се реализираат и да се ефектуираат во својата татковина Македонија. На неколку пати сме истакнувале дека практично за Египќаните во Македонија како да не важи Охридскиот Рамковен Договор, ниту пак Балансерот овозможува соодветна и правична застапеност. Тоа е многу депримирачки и демотивирачки за припадниците на етниќката заедница Египќани во Македонија. Состојбата и положбата на Египќаните, почна етапно да се подобрува откако градоначалник на Охрид стана Кирил Пецаков, со кого имаме одлична соработка, и кој во суштина ги разбира проблемите со кои се соочуваат Египќаните. Во ова насока, дозволете ми да потенцирам дека во годината што помина, имавме одлична соработка и подршка и од страна на лидерот и според нашите очекувања иден премиер на Македонија, проф.д р Христијан Мицкоски. Нашата соработка со ВМРО-ДПМНЕ датира уште од 1997 година, и до ден денес Египќаните имале огромна подршка и помош од страна на овој политички субјект, рече тој.
Далип потенцира дека НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ има потпишано Меморандум за соработка со ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година, и не менувале правец.
-Во месеците пред нас, очекуваме да се потпише Меморандумот за Соработка и со Мицкоски, со кого, како што погоре истакнав имаме одлична соработка и делиме исти вредности. На наредните претседателски и парламентарни избори, очекуваме убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа и отпочнување на етапната, но сигирна институционална интеграција на Египќаните, како мирољубив и лојален етникум, бидејки тоа и го заслужуваат, истакна лидерот на НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ„, Демир Далип.