Нов ден, нова популистичко-демагошка мизерија од СДС. Ден кога КРАДЕЦОТ ВИКНА ФАТИ ГО КРАДЕЦОТ!
Откако сфатија дека губат 7:1 и дека рејтингот на Венко е 3,6%, а на Мицкоски недостижни 25,2%, Башановиќ и Шчепиќ удрија на гол популизам, дури и во сфери кои не им доликуваат и за кои немаат „благе везе“. Сфери како патриотизмот, Македонија, Македонци. ОК. Дечките се од Србија. Ова е Македонија. Не разбираат пустите. А Венко, тој пак мора да прочита што му пишале, макар изгледал како слон во пижами. Следно, ќе излезел со маичка со исконското знаме од Кутлеш. Не верувате? Чекајте, само органите на прогонот да му тропнат на врата…
Денеска (дали од уплав од отворањето на фиоките во ЈО од Савевески?) следуваше нова мизерна „патриотска“ епизода на Венко Филипче, лик и „патриот“ кој директно учествуваше во бизарната и опортунистичка промена на исконското име на македонската држава, во носењето на неаргументираната двојазичност, гласањето ЗА за Францускиот предлог, договорите со Бугарија и Нивици. Е тој, ист Филипче денеска со сиот ум го обвини Христијан Мицкоски за некакво измислено „предавство на националните интереси“, кое го има само во главата на Башановиќ.
Ве тера да се запрашате – Од кога тоа Венко знае што се тоа македонски национални интереси? Од кога се „засекира“ за стандардот на Македонецот? За јазикот? Од кога се смени државниот јавен обвинител ли? Од Кога ЈО отвори истрага за рекетот врз Жан Митрев ли? Од кога почнаа да се актуелизираат прашањата за Модуларната болница ли? Можеби, откога се јави дилемата – кој ги издавал лиценците за канабис-плантажи? Од кога се врати Артан Груби ли? Од тогаш ли е „векот“ на „патриотизмот“ на Филипче?
Шемата ступидно иста со предрефедумската кампања за промена на името, идентична повраќаница во која и самото прашање беше „ДАЛИ СТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ И НАТО…“. Сега, Венко игра на емоциите за „повеќе пари“ со влез во ЕУ, стара, изживеана и ветва удбашка финта во кандисување на народецот да ги врати на власт докажаните арамии и одроди.
Така, Филипче ќе срочи: „За сите наши граѓани, членството во ЕУ носи пари, пристапни фондови до 40 милијарди евра, поголеми плати, повисоки пензии…“
А тоа, замисли, го спречувал Мицкоски. Не биле тоа Заевци и Грубиевци кои ја опелешија државата, не биле истите кои инфантилно го потпишаа ВНОСОТ НА БУГАРИ ВО УСТАВ, со што не блокираа за на век, оние кои стокмија забегана историска комисија која ќе решава дали сме добри за ЕУ секоја година, не, не, тоа да ти бил Мицкоски.
„Мицкоски ги предаде македонските национални интереси, стратешката определба на земјата да биде рамноправен дел со обединетите народи на Европа. За македонскиот народ, членството во ЕУ значи интеграција како Македонци кои говорат македонски јазик, рамноправни во големото европско семејство“, продолжи со индолентните лаги крајно засекираниот мизерен популист кој сега повторно го злоупотребува македонскиот јазик, истиот кој бешедел од носењето на Законот за двојазичност во Македонија.
Стара финта, нова будала, вели народот. Но за нивна жал, будалата сега не е тој, народот…
Едно е факт, кога им гори под нозете СДС врхушката добива силен наплив на патриотизам. А истиот им стои како ПИЖАМИ НА СЛОН.
Вистинскиот им лидер Зоран беше искрен само еднаш во живото. Кога КАЖА ДЕКА ПАТРИОТИЗМОТ НА ИМ ЛИЧИ/СТОИ/ПРИЛЕГА.
П.С.
Единственото логичко објаснување за малтене чудното дејствување на СДС во минатиот период, на сета таа агресивност, луцидни атаци, нервоза, трепет на раце и гласчиња поврзани со дебилни конструкции, лажни вести и патолошки атаци е употребата на иљачот на Шмрчко. Друга логика, нема…