Македонија хашки случаи

Џафери за Хашките случаи: Тоа е завршена работа

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска изјави дека „законите се донесени и приказната е затворена“, одговарајќи на новинарско прашање во однос на препораката на комесарот за човекови права на Советот на Европа за отповикување на Законот за амнестија од 2011 и процесирање на четирите Хашки случаи.

„Веќе дадов одговор за тоа дека е завршена работа во контекст на она што е законодавство и состојбата во државата. Завршена е таа приказна, законите се донесени“, изјави кратко Џафери одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Студентскиот дом во Тетово, придружуван од министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Партијата Демократски сојуз до Уставниот суд во петокот поднесе иницијативата за отстранување на правните пречки со што ќе може да продолжи постапката по четирите Хашки случаи – „Водство на ОНА“, „Липковско Езеро“, „Гробницата Непроштено“, и „Мавровски работници“.

Со иницијатива на лидерот на ДС, Павле Трајанов, се бара поништување на Автентичното толкување на член 1 од Законот за амнестија, со кое се запре постапката за четирите Хашки случаи.

Најнови вести од Македонија

To top