Македонија талат џафери

Џафери: Утре оставките, ако ВМРО-ДПМНЕ даде предлози за министри – тие ќе бидат дел до техничката Влада

„Владата ќе биде во склад на Уставот и законот. Ако има предлози од ВМРО-ДПМНЕ, тие ќе бидат во техничката Влада“, рече идниот мандатар и технички премиер, Талат Џафери, на прашање дали истата ќе биде комплетна со предлозите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имаат право да учествуваат во таа Влада“, кажа Џафери за учеството на ВМРО-ДПМНЕ.

Од утре почнуваат оставките, па на 26. јануари ќе има избор на нов претседател, на 27. ќе се поднесе програма и состав на Владата, а на 28. да се избере новата техничка Влада. Собранието ќе може да свика и нов седница на 28. за да се верифицира мандатот на пратеникот кој треба да дојде на местото на новоизбраниот претседател на Собранието.

„Од утре настапуваат роковите за оставките, констатирање на оставките и известување на претседателот на државата дека Владата е во оставка. На првата седница на 26. овој месец, настапуваат процедурите за избор на нов претседател на Собранието и да настапи обврска за мандатар, доделување на мандат“, кажа Џафери.

Најнови вести од Македонија

To top