Македонија

Џафери пречекан од премиерот Рама во Тирана, започнува Конференцијата на високо ниво за Планот за раст на Западен Балкан

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска, во Тирана, Република Албанија, беше пречекан од страна на премиерот на Албанија, Еди Рама, пред официјалното започнување на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција за Западен Балкан“.

Џафери пречекан од премиерот Рама во Тирана, започнува Конференцијата на високо ниво за Планот за раст на Западен Балкан

Премиерот Џафери, во своето обраќање ќе се осврне на определеноста и посветеноста на Владата на Република Северна Македонија за успешното спроведување на Планот за раст за Западен Балкан, со оглед на фактот дека овој План, потенцијално ќе го промени регионот и ќе го забрза неговото придвижување кон Европската Унија.

На Регионалниот состанок во Тирана, којшто е продолжување на состанокот од минатиот месец во Скопје, се лидерите на државите од Западен Балкан, како и комесарот за соседска политика и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, но и претставници на меѓународни финансиски институции, важни за имплементација на Планот за раст за Западен Балкан.

Фокусот на разговорите на Конференцијата ќе биде на регионалната соработка и спроведувањето на Заедничкиот регионален пазар, со посебен фокус на регионалните приоритетни акции, кои ќе придонесат за постепено вклучување на економиите на земјите од Западен Балкан во единствениот пазар на Унијата, за поголема економска интеграција на Западниот Балкан, со крајна цел, социо-економски развој на целиот регион.

Интегрален текст од соопштение на Владата на Република Северна Македонија

To top