Македонија неизвесна е трката помеѓу ДУИ и албанската опозиција

Двојната предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ се одржува и во месец март во ИЕ 2 и 6

Имено според анкетата на ИПИС објавена во емисијата Објектив на МРТ, а спроведена во месец март, на прашањето за која партија би гласале на престојните избори, во втората изборна единица најмногу 20,4% од испитаниците се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, а 11,1% за СДСМ.

Двојната предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ се одржува и во месец март во ИЕ 2 и 6

Двојната предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ се одржува и во месец март во изборните единици 2 и 6, а неизвесна е трката помеѓу ДУИ и албанската опозиција.

Имено според анкетата на ИПИС објавена во емисијата Објектив на МРТ, а спроведена во месец март, на прашањето за која партија би гласале на престојните избори, во втората изборна единица најмногу 20,4% од испитаниците се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, а 11,1% за СДСМ.

По нив следат ДУИ со 7,4%, албанската опозиција со 6% и движењето ЗНАМ со 5,6% доверба од анкетираните.

Во шестата изборна единица најголема доверба меѓу граѓаните во месец март имале Европскиот сојуз за промени (албанската опозиција) со 20,2%, а веднаш зад нив ДУИ со 20%.

ВМРО-ДПМНЕ бележи 8,6% доверба во ИЕ 6, а СДСМ има 4% поддршка од анкетираните.

Најнови вести од Македонија

To top