Денеска хеликоптер Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од ЦУК, дејствуваше на пожарот кој го загрозуваше с. Сушево, атар на Општина Василево.
Хеликоптерот исфрли над 55 тона вода, а поради опасноста по селото, во гасењето на пожарот беше вклучен и хеликоптерот Бел 412 кој исфрли 30 тони вода, по што опасноста по селото беше отстранена.
Пожарот уште е активен и се преземаат мерки за негово гасење.