Македонија ЦУК

Два активни пожара, еве каде гори во Македонија

Од седумте вчерашни активни пожари, по утринскиот ангажман за нивно локализирање и гаснење, на терен има уште два активни пожара.

Два активни пожара, еве каде гори во Македонија

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека од седумте вчерашни активни пожари, по утринскиот ангажман за нивно локализирање и гаснење, на терен има уште два активни пожара.

– Конкретно, тие се во општина Кичево – кај селото Ново Село, каде што гори шума и во општината Гостивар –  кај селата Дебреше, Митрови Крст и Трново во реон на месноста „Пеклишта“, тука гори борова шума и мешана шума, се наведува во соопштението на ЦУК.

Најнови вести од Македонија

To top