Македонија браво

Државата тоне во криминал и корупција, ама Ковачевски се пофали дека се обратил на македонски јазик во Париз

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, даде изјава по работната посета на Париз, во којашто ја оцени како успешна, земајќи предвид дека со бројни лидери на држави и влади сподели видувања околу справувањето со предизвиците во глобален контекст, имаше средба со висок американски дипломат, а при официјалната посета на УНЕСКО, се обрати на македонски јазик.

Државата тоне во криминал и корупција, ама Ковачевски се пофали дека се обратил на македонски јазик во Париз

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, даде изјава по работната посета на Париз, во којашто ја оцени како успешна, земајќи предвид дека со бројни лидери на држави и влади сподели видувања околу справувањето со предизвиците во глобален контекст, имаше средба со висок американски дипломат, а при официјалната посета на УНЕСКО, се обрати на македонски јазик.

Во продолжение е интегралниот текст од изјавата на премиерот Ковачевски:

„Драго ми е што во текот на мојата работна посета на Париз, имав можност да бидам првиот македонски премиер кој имаше официјална средба со директорката на УНЕСКО и притоа да се обратам на македонски јазик пред земјите членки, пред претставниците земји членки, на годишната конференција на УНЕСКО.

На состанокот со директорката имавме можност да разговаравме во однос на Охридскиот регион којшто го задржа статусот на природно и културно светско наследство и секако разговаравме за понатамошните чекори во однос на заштита и унапредување на овој светски значаен регион.

Во текот на вечерта, бев на работна вечера кај претседателот на Франција, господинот Макрон, на којашто присуствуваа претседатели и премиери на други земји, секако и претседатели и директори на меѓународни институции кои се од исклучително високо значење како за нас, така и за сите земји во Европа и светот. На самата средба разговаравме за актуелните случувања кои се од значење за регионот и за Европа, а во светло на војната којашто се води во Украина и на војната којашто се води на Блискиот Исток. И можевме да размениме искуства во однос на справувањето со предизвиците коишто сите земји ги имаат, меѓутоа и за заедничките напори коишто сите ги правиме.

Беше присутен и претседателот на Европскиот совет, како и претседатели и премиери на земји членки на ЕУ, со кои можевме да поразговараме за Планот за раст за Западен Балкан, којшто во детали почнува да се преточува во акциони планови, а за што ќе следуваат активности во наредниот период.

Во текот на денешниот ден бев присутен на отворањето на 6-от Париски мировен форум, на којшто присуствуваа, покрај францускиот претседател, како домаќин, и претседатели и премиери на голем број држави, вклучително и претставници на меѓународни финансиски и други организации. Ова е одлична можност на којашто земјите и претставниците на меѓународните организации можат да разменат искуства во однос на предизвиците со коишто се соочува светот во моментов, а ги има многу.

Разговаравме за оние теми што се најзначајни, а подетално разговаравме во делот на мерките коишто ги преземаме во делот на справувањето со предизвиците, секако и во однос на остварувањето на целите за долгорочен одржлив развој. Јас ги споделив искуствата што како држава ги имаме во однос на успешните справувања со енергетската и економска криза.

Светска банка веќе објави дека Македонија го имаше најголемиот пакет антикризни мерки во регионот, од 760 милиони евра. Разговаравме и во делот на зголемувањето на платите и пензиите, што кај нас се случија во континуитет во текот на изминатите години. За намалувањето на невработеноста од 26% на 14%, зголемувањето на вработеноста. За намалувањето на младинската невработеност. Секако и за унапредувањето на правата на ранливите категории на граѓани, унапредувањето на правата на Ромите. Разговаравме и во однос на обезбедување што подобра енергетска позиција и енергетска независност на Северна Македонија, при што ги истакнав нашите инвестиции коишто се направени во државата во текот на изминатите веќе 2 години, а коишто претставуваат најголемо инсталирање на обновливи извори на енергија од осамостојувањето на нашата држава.

Парискиот мировен форум претставува одлично место каде што можат да се разменат голем број искуства меѓу присутните земји и на којшто се разговара во однос на унапредувањето на заедничката соработка.

Имав средба и со новиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија на САД, господинот О’Брајан, со кого разговаравме за билатералната соработка меѓу нашата држава и САД, со коишто имаме стратешки дијалог. Секако дека разговаравме и за динамиката на најзначајните политички и економски теми во нашата држава и во регионот на Западен Балкан.“

Најнови вести од Македонија

To top