Македонија избори 2024

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

Централното собрание на Демократска партија на Албанците (ДПА) синоќа го одобри предлогот на претседателот Мендух Тачи за учество во коалицијата Европски фронт предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Партскиот лидер за оваа можност најави ееден ден претходно во гостувањето на една од националните телевизии.

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

-Се одржа Централното собрание на ДПА на кое едногласно беше одобрен предлогот на претседателот Мендух Тачи, на претседателските избори на 24 април и на парламентарните избори на 8 мај, дека ДПА треба да влезе во коалицијата со Европскиот фронт, информираа од одделот за информирање при ДПА.

Според информацијата од ДПА, потпишувањето на коалицискиот договор ќе се случи во понеделник во Тетово. Договорот ќе го потпишат партиските лидери Мендух Тачи и Али Ахмети.

To top