Македонија за разрешување на таравари гласале 106 членови

Донесена иницијатива Таравари да биде разрешен од претседател на Алијанса за Албанците

Иницијатива за разрешување на Арбен Таравари од претседател на Алијанса за Албанците е донесена на денешното централно собрание на партијата, што се одржа во Скопје.

Донесена иницијатива Таравари да биде разрешен од претседател на Алијанса за Албанците

Ова на прес-конференција по завршување на состанокот го соопшти Зијадин Села, кој според статут е претседател на партиското собрание на АА.

-Го чекавме да дојде претседателот на партијата Таравари таму каде што припаѓа и каде што му е местото, а тоа е во ова централно собрание како највисок орган меѓу два конгреси. Тој не дојде. За жал, според ова, од страна на членови на централното претседателство, беше предложено дека е беспредметна точката од дневниот ред каде што претседателот треба да даде отчет за последните збиднувања во АА, по што таа беше тргната и беше ставена друга точка, односно иницијатива за разрешување на претседателот на партијата, според членот 48 од статутот на партијата, кажа Села.

Информира дека по таа точка од 108 присутни членови на централното собрание, 106 гласале „за“ иницијативата, еден бил против и еден воздржан.

-Како последица и резултат на оваа одлука, другата точка беше да се оди на Конгрес што ќе се одржи на 18 февруари и каде што ќе се одлучува за иницијативата што ја донесе централното собрание на АА за разрешување на претседателот на партијата Таравари, рече Села.

To top