Македонија Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ

„Донации или манипулации на СДСМ и ДУИ“

Има ли транспарентност, конкуренција, еднаков третман, недискриминација и рационалност при трошењето на буџетските средства кај ваквите постапки?

„Донации или манипулации на СДСМ и ДУИ“

„Донациите на медицинска опрема” од веледрогериите на двоецот ДУИ – СДС станаа воспоставена пракса или популарно наречено „бонбона бизнис” во здравството. Имено пред камерите се сече лента, а позади камерите се сече колачот, велат од Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува нивниот Фејсбук статус:

Има низа на дилеми и прашања:

1. За каква “донација на опрема” станува збор ако истата функционира исклучиво со компатибилни реагенси или материјали кои “донаторот” единствено ги поседува и ги продава по цена која самиот ја диктира?

2. Има ли транспарентност, конкуренција, еднаков третман, недискриминација и рационалност при трошењето на буџетските средства кај ваквите постапки?

3. Дали ваквите донации претставуваат доброволна и безусловна помош од јавен интерес, без материјална корист за давателот?

4. Дали станува збор за донации или за лукративни дејствија со кои свесно се заобиколуваат законите што ја уредуваат оваа проблематика?

Ве уверуваме дека ова ќе биде проверено веднаш по промена на власта, а за евентуалните злоупотреби ќе се преземат соодветни правни дејствија.

Најнови вести од Македонија

To top