Македонија ОЈО

Домашен притвор за уште едно лице за упадот во М-НАВ

Вчера, надлежниот јавен обвинител беше известен од МВР дека е пронајдено и лишено од слобода уште едно од лицата кои беа опфатени со наредбата за истрага за упадот во М-НАВ.

Домашен притвор за уште едно лице за упадот во М-НАВ

Основниот кривичен суд Скопје определи мерка домашен притвор за лицето осомничени за кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај кое повеќе дена беше недостапно на органите на прогонот, а вчера беше лишено од слобода на граничен премин, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Основното јавно обвинителство Скопје, како што информираат оттаму, ќе вложи жалба на ваквата одлука.

Вчера, надлежниот јавен обвинител беше известен од МВР дека е пронајдено и лишено од слобода уште едно од лицата кои беа опфатени со наредбата за истрага за упадот во М-НАВ.

Претходно за упадот во М-НАВ домашен притвор беше одреден за четири лица, меѓу кои и Беким Незири советник во М-НАВ и функционер на ДУИ.

Најнови вести од Македонија

To top