Македонија лажен патриотизам

Додека дома глуми наводен борец против промената на името, Апасиев во Москва се согласи јавно да биде наречен “депутат парламента Северной Македонии”

Македонскиот народ нема кратка меморија. Апасиев со години го навредуваше секој кој ќе го изговореше “Северна”, а денес тој е “депутат на Северна Македонија” под плаштот на лажен антифашизам во друштво на руските апологети на војна.

Додека дома глуми наводен борец против промената на името, Апасиев во Москва се согласи јавно да биде наречен “депутат парламента Северной Македонии”

Додека дома глуми непомирлив борец против промената на името, Димитар Апасиев во Москва се согласи јавно да биде наречен “депутат парламента Северной Македонии”. Без збор. Без отпор. Без реакција.

Овој театар на лажен патриотизам конечно падна. Оној кој до вчера ја нарекуваше државата “Македонија” по секоја цена, денес во тишина прифаќа понижување и идентитетска девалвација пред комунистите на Путин. За што? За аплауз и слика со црвено знаме и срп и чекан?

Македонскиот народ нема кратка меморија. Апасиев со години го навредуваше секој кој ќе го изговореше “Северна”, а денес тој е “депутат на Северна Македонија” под плаштот на лажен антифашизам во друштво на руските апологети на војна.

Ова не е патриотизам. Ова е евтин кукавичлук маскиран во идеологија. Ова е дефиниција на политичка шизофренија.

Најнови вести од Македонија

To top