Македонија Посебен режим

Доаѓа претседателот на бугарското Собрание: Скопје два дена под посебен режим на сообраќај

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, велат од МВР.

Доаѓа претседателот на бугарското Собрание: Скопје два дена под посебен режим на сообраќај

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 13 и 14.11.2023 поради посета на делегација предводена од Претседателот на Народното собрание на Р.Бугарија, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во централното подрачје на Скопје.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, велат од МВР.

To top