До петок ќе се задржи значително облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, долж Повардарието со повремен дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во северозападните, северните делови и на крајниот исток.
Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец, над 60 километри на час.
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека од сабота следува период на стабилно, суво и студено време.